Објавено на:

Пелагониските сточари со петарди го бранат добитокот од мечки

t

Со петарди се бранат пелагониските сточари од мечките што им ги десеткуваат стадата. На нивите, по полските патишта, на пасиштата и во близина на куќите имаат блиски средби со овие диви животни, кои во потрага по храна доаѓаат до селата и предизвикуваат штети врз добитокот.

Пред три дена, вечерта околу 7 часот, децата ги напасуваа козите над селото. Веќе беше време за враќање. На 50 метри од нив се појави мечка. Еве ја, ја имам и сликана. Сите велеа дива свиња била. Децата ги оставија козите, избегаа, доживеаја голем стрес и уплав, па си дојдоа дома. Ми кажаа што се случило и сега секој ден излегуваме со страв дека ќе се појави од некаде, вели Живко Каровски, сточар од Драгарино.

Велат дека мечките напаѓаат секојдневно. Покрај материјалната штета, сточарите стравуваат и за сопствената безбедност

Се вардиме, само со петарди, што друго да правиме. Ако ти е среќа да преживееш, ќе преживееш, ако те најде – ќе те јаде. Ова е секојдневие. На братучед ми во Драгарино му влезе мечка во шталата и му усмрти шест-седум овци, вели Каровски.

Бараат помош од државата затоа што веќе не можат сами да се справат со наездата од мечки. Поради неможноста слободно да го пасат добитокот сточарите бараат и укинување на пашарината.

За мечките што се појавија во селата Крклино, Драгожани, Кукуречани и Драгарино бараме од министерот барем како помош да ни ја укине пашарината, затоа што не можеме слободно да ги пасеме овците. Имаме загуби секој ден – по две, по три овци. Луѓето со петарди се бранат, со што друго, вели Горан Ризовски, сточар.

Кафеавата мечка е строго заштитен вид и за неа важи трајна забрана за лов. Од Министерството за земјоделство велат дека Законот предвидува исклучок само ако животното предизвикува штети и ако луѓето се во опасност.

Во случај кога дивечот или друго диво животно се најде во урбана или друга населена средина и претставува опасност по животот, безбедноста и здравјето на луѓето, министерот дава одобрение за застрел на органот за внатрешни работи, наведуваат од Министерството за земјоделство.

Оттаму додаваат дека граѓаните кои претрпеле штети од кафеава мечка можат да бараат обесштетување по судски пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пелагониските сточари со петарди го бранат добитокот…

Со петарди се бранат пелагониските сточари од…

Либерман: Израелската армија има муниција за уште…

Поранешниот израелски министер за одбрана и лидер…

Скопјанка тепала кумановка во угостителски објект

На 05.07.2026 во 00:30 часот полициски службеници…

До 18 часот вкупно 17 пожари низ…

На ден 05.07.2026 година, до 18:00 часот,…

Нафтената славина се отвора: ОПЕК+ се подготвува…

Глобалниот пазар на нафта влезе во период…