Пендаровски за Мицкоски: Лаже, не поддржувам референдум, ги мобилизира членовите велејќи само што не сме ја срушиле Владата
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, лаже и манипулира со јавноста кога кажува дека тој поддржувал референдум. Тој истакна дека лично учестувал во создавање на францускиот предлог и не може во никој случај да биде против истиот.
Според него Мицкоски се обидува да ги мобилизра своите членови, ветувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ само што не дошло на власт. Според него време е Мицкоски јавно да каже дали е за ЕУ и за НАТО или не.
-Верувате дека човекот кој ги правеше тие ревизии во францускиот предлог, човекот кој стоеше за преспанскиот договорм човекот кој стоеше зад рамковниот договор. Човек кој никогаш не го оспори бугарскиот договор од 2017-та, верувате дека може да каже дајте референдум за овие работи. Па ја ги работев сите тие документи со голем број други луѓе. Францускиот предлог на крај заедно со Макрон на две, три точки јас го работев. И сега јас ќе барам референдум за тоа? Што прави Мицкоски? Него му треба политичка мобилизација да ги држи своите на купче велејќи им дека само што не сме ја срушиле Владата, наредниот понеделник. И тоа е легитимно. Мицкоски, вели и Пендаровски мисли исто. После четири години негирање на клучните договори кои ни овозможија членство во НАТО и да почнеме преговори, фер е ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се дефинираат јавно пред македонските граѓани за што навистина се… Антиевропски политички партии и да кажат ние со вакви услови во ваква Европа, како Бугари како што тие го разбираат тоа не би сакале да влегуваме. Се мачат секој ден да направат формулација, вели Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху на гости во Белата куќа на…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го угости…
(Видео) Митовски: Крива Паланка аплицираше со четири…
Сѐ уште нема одговор од Владата за…
Пожар во галијата на Вардар кај „Холидеј…
Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар…
Митовски: Историски најлош извештај за Македонија од…
Ова е најлош извештај на ЕУ за…
Шекеринска ќе ја посети Атина
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска ќе…