Пендаровски и државно-црковната делегација пристигнаа во “Св. Прохор Пчински”

t

Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна во манастирот Св. Прохор Пчински, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Претседателот Пендаровски ќе положи венец со цвеќе на спомен-плочата на АСНОМ, поставена во манастирскиот комплекс. Токму на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот Св. Прохор Пчински се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија ТасевскаКумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

Од српска страна, на чествувањето присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и г. Пахомије, епископ врањски, како претставник на Српската Православна Црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грдото лице на Балканскиот мегаетникум: 250 години…

Грдото лице на Балканскиот мегаетникум 250 години…

ФРОНТЕКС ќе ги засили македонските граници: Средба…

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар…

Облак: Македонските говори се основа на старословенскиот…

За старомакедонскиот јазик од околината на Солун…

Бојко Борисов победи и во Македонија

Најголем број гласови од оние што вчера…

Каде исчезнаа “македонските Бугари”? 461 гласале на…

Мал број на Бугари во Македонија вчера…