Пендаровски оди за Лондон: Претседателот ќе оддаде почит на Кралицата Елизабета Втора

t

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга Елизабета, попладнево со комерцијален лет треба да отпатува за Лондон, каде ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96 години. Погребот треба да се одржи утре.

Пендаровски завчера во гостување на ТВ24 зборуваше за кралицата Елизабета Втора и нејзиниот однос, како и односот на Велика Британија, кон Македонија. Тој одговораше на дилемите дали треба да се оди на погребот на британската кралица, со оглед на улогата на нејзинта земја во трагедијата на Македонците во граѓанската војна во Грција.ќќ– Мојот резон, и на повеќето од оваа политичка гарнитура, разбираат дека почит мора да се даде кон монархот кон кралицата на државата, која заедно со САД беше веројатно најзаслужна за нашето меѓународно етаблирање. Британската дипломатија во 1991/92 година, пред нашето членство во Обединетите нации, беше предводник на процесот за да влеземе под референцата во ОН, дури и американските дипломати не беа такви предводници,- рече Пендаровски во емисијата „Трилинг“.

Тој објасни дека кралицата била крунисана во 1952 година, а граѓанската војна во Грција траела до 1946 до 1949 година.

– Не велам дека од 46 до 49 година британските дипломати и воени сили имале позитивна улога за нашите што живееле таму, но тоа нема никаква корелација со Елизабета Втора. Значајно е што првата деценија кај нас е со породилни маки, заклучно со 2001 година. Пред потпишувањето на Рамковниот договор, тој беше значајно помогнат од американската и британската дипломатија. И тука треба да им бидеме благодарни што ја спасија државата од голема граѓанска војна. Тие беа предводници во смирување на состојбата – додаде Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој…

Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти…

Казахстан: 29 преживеани и многу отворени прашања

По уривањето на патнички авион во Казахстан…

СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука…

СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на…

Нови студентски блокади во Носи Сад: Дел…

Студентите од Нови Сад денеска организираат протест…

Во тек е апсење на Ненад Нешиќ,…

Акцијата за апсење на министерот за безбедност…