Пендаровски после поразот: Македонска гордост, ве чекаме како победници!

t

По поразот од Португалија, македонскиот претседател Стево Пендаровски порача дека сепак фудбалерите се македонска гордост и дома ќе бидат пречекани како победници.

-Македонска гордост, херои, покажавте големина низ квалификациите за светското првенство.
Со пласманот на Европско испишавте историјата на македонскиот фудбал. Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро, а со тоа и да нè направите горди. Успеавте да нè сплотите и да не направивте горди, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Македонската репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар, но ова беше најблиску што стигнала: на само една победа од пласман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Македонија ќе “ќари”: Продадена резиденцијата на…

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија…

Андревски: САД никогаш не отстапија од поддршката…

Новата американска амбасадорка Ангела Агелер деновиве положи…

Бектеши: Ако потпишеме договор со Србија гасот…

Доколку се потпише договорот со Србија, „ќе…

На денешен ден: Македонците и Грците се…

Драмското востание е кренато на 29 септември…