Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен, разговарале за реформите и преговорите по скринингот

t

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот.

Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Северна Македонија. Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот.

Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите, стои во соопштението.

На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од ЕУ на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава, се наведува во соопштението на претседателскиот Кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…