Пендаровски тврди: Бугарите ќе влезат во Уставот со консензус на власта и опозицијата – опозицијата нема никаков проблем

t

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на денешната изјава за медиумите во однос на вметнувањето на Бугарите во Уставот, вели дека постои политичка волја и од страна на власта и од страна на опозицијата.

– Во однос на Бугарите во Уставот сосема накусо. Постои политичка волја, претпоставувам тоа ви е на сите јасно и на страната на власта и на страната на опозицијата, што е едно од многу ретките прашања за кое и власта и опозицијата кај нас во Македонија немаат никаков проблем – истакна Пендаровски.

Според него, останува прашање на време кога тоа да се направи и која е гаранцијата дека после тоа нема некоја идна бугарска влада да бара повторно промена на Устав или некои други политички барања.

– Мислам дека еден од начините на кој може да се пријде на тоа прашање со намера да се реши, е преспанската формула – потенцира Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…