Пендаровски тврди: Бугарите ќе влезат во Уставот со консензус на власта и опозицијата – опозицијата нема никаков проблем

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на денешната изјава за медиумите во однос на вметнувањето на Бугарите во Уставот, вели дека постои политичка волја и од страна на власта и од страна на опозицијата.
– Во однос на Бугарите во Уставот сосема накусо. Постои политичка волја, претпоставувам тоа ви е на сите јасно и на страната на власта и на страната на опозицијата, што е едно од многу ретките прашања за кое и власта и опозицијата кај нас во Македонија немаат никаков проблем – истакна Пендаровски.
Според него, останува прашање на време кога тоа да се направи и која е гаранцијата дека после тоа нема некоја идна бугарска влада да бара повторно промена на Устав или некои други политички барања.
– Мислам дека еден од начините на кој може да се пријде на тоа прашање со намера да се реши, е преспанската формула – потенцира Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАЈНОВА ВЕСТ: Се договорија СОНК и МОН…
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва…
Џамии, цркви, студентски домови на листата најголеми…
17 семејства трошат 10% од вкупната потрошувачка…
Украина знае уште колку борци се заробени…
Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар изјави дека…
Јовановски: ЕУ не ја сака Македонија во…
Еден од коосновачите на мото-клубот „Ноќни волци“,…
Богоевски: Можно е да ги запреме преговорите…
Ваквите ставови на господинот Јовановски ми сугерираат…