Пентагон бара 80 милијарди долари за војната со Иран додека траат мировните преговори
Пентагон побара од американскиот Конгрес околу 80 милијарди долари дополнителни средства, главно за покривање на трошоците поврзани со војната со Иран, покрај веќе предложеното значително зголемување на воениот буџет на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Според американските медиуми, висок претставник на Министерството за одбрана минатата недела ги информирал сенаторите за потребата од дополнително финансирање, додека министерот за одбрана Пит Хегсет веќе започнал разговори со законодавците на Капитол Хил. Формално барање од Белата куќа сè уште не е доставено до Конгресот.
Барањето доаѓа во период кога администрацијата на Доналд Трамп се соочува со критики и сомнежи од дел од конгресмените во врска со мировниот договор постигнат со Иран и идните чекори на Вашингтон. Истовремено, Белата куќа побара буџет за Пентагон од околу 1,5 трилиони долари, што претставува речиси 50 отсто повеќе во споредба со тековната фискална година.
Во меѓувреме, продолжуваат несогласувањата меѓу Вашингтон и Техеран околу спроведувањето на мировниот договор. Иранските власти ги отфрлија тврдењата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека одмрзнатите ирански средства ќе бидат користени за купување американски земјоделски производи, истакнувајќи дека единствено Иран ќе одлучува како ќе ги троши тие средства.
Разлики постојат и околу инспекциите на иранските нуклеарни постројки. Додека американската страна тврди дека е постигнат договор за посета на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија, официјален Техеран ги демантираше ваквите наводи.
Трамп, пак, порача дека Соединетите Американски Држави ќе направат „сè што е потребно“ доколку Иран не ги испочитува обврските од договорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон бара 80 милијарди долари за војната…
Пентагон побара од американскиот Конгрес околу 80…
Божиновска: Инвестициите и иновациите се моторот на…
Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш…
Зеленски со предлог до Трамп да го…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му предложил на…
Нетанјаху: Израел ќе го задржи военото присуство…
Израелската армија ќе го задржи своето присуство…
Климовски: Државата треба да биде единствен приредувач…
Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар…