Перински во посета на Секторот за санитарна контрола: Како се контролира квалитетот на водата во Скопје?

t

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, денес беше во посета на Секторот за санитарна контрола.

Ова е целосното соопштение од ЈП Водовод и канализација:

“Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје, чиј составен дел се акредитираните лаборатории според ISO 17025, е еден од клучните сектори во претпријатието каде секојдневно се контролира квалитетот на водата за пиење од водоснабдителниот систем во градот Скопје.

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешната работна посета во Секторот за санитарна контрола, се запозна со процесот на работа и процесот на контрола на водата, кој секојдневно се изведува преку примероци од повеќе од 50 мерни места во градот Скопје.

Преку процесот на контрола, кој подразбира постојан мониторинг и запазување на високите стандарди, се потврдува квалитетот и безбедноста на водата за пиење, која високо котира во европски рамки.

Во рамки на посетата, покрај запознавањето со процесите кои се изведуваат во хемиската, микробиолошката и молекуларната лабораторија, Перински се запозна со проектите кои се во тек.

Перински, исто така беше и информиран за оперативноста на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, чии лаборатории врз основа на своите достигнувања се доближуваат до лабораториите на европско и светско ниво.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопиште денеска без вода

Од Водовод Скопје информираат дека населбата Сопиште…

Грчкиот министер за надворешни работи во посета…

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска…

Петков ќе го посети Киев – Наскоро…

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју…

Петков и делегација на бугарската влада утре…

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков в сабота…

(Видео) Бајден: Спремен сум лично да одам…

Американскиот претседател денес во кратка изјава за…