Песков демантира: САД и Русија нема да се сретнат неделава во Ријад

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги демантираше медиумските извештаи дека Русија и САД ќе разговараат во Саудиска Арабија оваа недела, пренесоа руските медиуми.
-Русија и САД се во почетната фаза на патот кон обновување на билатералните односи, овој пат ќе биде долг, оцени Песков.
Во врска со разговорите меѓу САД и Украина, кои треба да се одржат во Саудиска Арабија, изјави дека Вашингтон сака да види за време на овие разговори дека Киев сака мир.
Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп имале само еден телефонски разговор откако Трамп ја презеде функцијата.
Песков рече дека Путин и Трамп немаат чести телефонски контакти, но дека еден разговор, како што наведе, „бил доволно конструктивен за да бидат во дијалог и да ги решат проблемите“. Тој нагласи дека руската војска прави се за да го исчисти рускиот регион Курск од украински милитанти и дека не се сомнева дека тоа ќе успее.
Песков истакна дека се уште нема конкретни рокови за целосно ослободување на територијата на регионот Курск.
Тој нагласи дека насилството во Сирија ја загрижува Русија и наведе дека ова прашање треба итно да се разгледа, вклучително и пред Обединетите нации, за да се нормализира ситуацијата. „Русија не ја коментира ситуацијата во врска со нејзините воени бази во Сирија“, рече Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…