Петков демантира: Не сум потпишал никаков документ за Македонија

t

Не сум потпишал документ од бугарска страна за Македонија, бидејќи секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и до постојната рамковна позиција, порача бугарскиот премиер Кирил Петков пред најавената утрешна посета на Битола.

– Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија. Верувам дека во моментов и владата на РСМ е свесна за тоа каков голем приоритет е сето ова. Заеднички работиме на покревање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество – нагласи Петков.

Според него, фактот што утре ќе бидат толку многу луѓе од толку различни партии во Македонија покажува поддршка за бугарската заедница.

– Во исто време се надевам дека она што сите го кажавме, дека РСМ треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме позитивно во таа насока – рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макс повторно застана зад германската десничарска партија…

Најбогатиот човек на светот, американскиот милијардер Илон…

Детали за грабежот во домот на НБА…

Словенечкиот кошаркар од редовите на Далас беше…

Преку 160 загинати во авионската несреќа во…

Најмалку 167 луѓе загинаа денеска кога авион…

МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за…

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија…

Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја…

„Цели 20 дена Тошковски не знае каде…