Петков се пофали: Ковачевски една недела е премиер, а четири дена ги помина во бугарската влада

t

Димитар Ковачевски е една недела премиер на Северна Македонија и од тие осум дена, четири ги помина со бугарската Влада, кажа бугарскиот премиер Кирил Петков, реферирајќи пред бугарските пратеници.

Тој додаде дека во Софија пристигнале голем број министрите од Северна Македонија и би постигнат напредок во голем број сфери.

-По никаков начин не ја игнорираме бугарската позиција. Ние зборувавме и за темите што се важни за нас според Рамковната позиција, одговори Петков на прашањето на поранешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Петков истакна дека премиерот Ковачевски кажал дека не гледа проблем со запишувањето на Бугарите од Северна Македонија во Уставот.

-Тој не сподели време кога ова би се случило, но сепак го кажа. Исто така, веќе не зборуваме за 5+1, туку за 4+1 и тоа само за две недели, рече Петков.

Петков нагласи дека заедно ќе се чествува 4 февруари, денот на раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mиа Костова за смртта на Јана: Првите…

Човек не може да се израдува ни…

Мијалков немал никаква врска со „Плацеви на…

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по предметот познат…

Медведев: Ако Киев се обиде да го…

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик шеф…

Американската комора го повика Косово да се…

Американската комора во Приштина го повтори својот…

СЕ НАПИЛ КАФЕ И КИСЕЛА ВОДА, ЗАВРШИЛ…

Битолчанец на 42-годишна возраст завршил на токсикологија,…