Петков: Ставот на Софија за Скопје е непроменет

t

Ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Македонија е зачуван, го надградивме со пет комисии. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков како како одговор на пратеничко прашање на поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, јавува новинската агенција Бгнес. Петков доаѓа во посета на Скопје на 18 јануари.

Тој во одговорот посочи дека преговорите со Скопје, ќе се одвиваат според коалицискиот договор меѓу партиите во владејачката коалиција. Дополнително, вели тој, ставот е надграден со пет посебни различни комисии за надградба на овие односи.

„Во нашата коалиција имаме апсолутно јасен заеднички став, договорен пред очите на целиот бугарски народ. Имаме целосна координација во Советот на министри на темата и тоа што одиме на разговори на 18 јануари покажува дека добрососедството е основен принцип во нашите односи со Република Македонија“, изјави Петков во Народното собрание.

Тој додаде дека на Бугарија и Македонија им е потребна подобра соработка во многу полиња.

„Не ми е јасно зошто во 2021 година немаме ниту еден лет Софија-Скопје, немаме ниту една железничка линија, немаме заеднички културен календар, немаме интеракција меѓу нашите бизниси“ изјави Петков од собраниската говорница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…