Петков: Ќе направиме нешто што не е направено во изминатите 30 години
Македонската влада следниот вторник доаѓа во Софија, а постои можност тогаш да направиме нешто што не се случило во последните три децении, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната владина седница.
Тој пред министрите и пред бугарската јавност сподели кои ќе бидат клучните теми на разговор со македонските колеги.
– Треба да се договориме за воспоставувањето на железничката линија помеѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, да утврдиме како да се патува побрзо со автомобил, како навистина да има половина час лет, да стане збор за културниот календар, како и координацијата на образовните програми. Сега ја имаме можноста да направиме нешто што не е направено во последните 30 години. Треба да надоместиме за големиот дел од задачите коишто не се завршени – изјави Петков.
Обраќајќи им се на бугарските министри, Петков рече дека со новиот пристап во преговорите нема да се губи ниту минута.
– Сите вие ќе се сретнете со вашите колеги од Република Северна Македонија и ќе направиме реален план, со реални постигнувања кои треба да ги завршиме во наредните шест месеци, особено на средбите кои очекувам да се на неделно ниво. Со ваквиот нов пристап во преговорите веќе нема да се губи ниту минута, сè со цел односите помеѓу двете земји да се мерат во реални резултати – истакна Петков.
Петков неделава го посети Скопје и се сретна со државниот врв. Од двете страни, посетата беше оценета како успешна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел…
Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик…
САД воведоа санкции врз специјалната известувачка на…
Американскиот државен секретар Марко Рубио вечерва објави…
Руте: Одлуката за издвојување на пет отсто…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…
ВКУПНО 52 пожари во еден ден –…
Извештај за Центарот за управување со кризи…
Апасиев: Премиерот бега од пратенички прашања
Премиерот бега од пратенички прашања, прво, наместо…