Петровска: Да бидеме горди, нашата држава е гарант за безбедноста во регионот!
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во дневникот на Македонската телевизија, во однос на пораките кои ги сподели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача дека граѓаните треба да бидат горди зашто Македонија е гарант на безбедноста и стабилноста на регионот, нешто што е препознаено и од Алијансата имајќи предвид дека генералниот секретар Столтенберг својата регионална посета ја завршува во Македонија, а во Скопје утре ќе се одржи и неформалниот лидерски самит на сојузничките земји – Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.
Министерката посочи дека директна опасност по безбедноста на државата нема и порача дека и покрај стравувањата, Русија не може да предизвика војна на Балканот ако за тоа нема сојузници, а дека во Македонија и земјите од регионот сојузници за нови војни нема.
Во контекст на зацврстувањето на регионалната безбедност и оневозможувањето на обидите за влијание од трети земји во земјите од регионот, најдобар одговор е процесот на евроатлантска и европска интеграција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО: Србија сама треба да одлучи какви…
На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку…
НАТО ја презеде од САД координацијата на…
НАТО ја презеде координацијата за западната воена…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…
Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…
ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…
Организацијата за безбедност и соработка во Европа…