Петровска: Директорот на Инспекторатот за земјоделство беше фатен со митото во гаражи кои водат до домот на Трипуновски
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска денеска изнесе информации дека локацијата каде што беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев е истата адреса каде стан има министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Петровска на седницата за пратенички прашања, рече дека Анакиев е фатен со митото во подземни простории и гаражи кои водат до домот на министерот.
Петровска покажа доказ-имотен лист кој, како што вели, потврдува дека на локацијата на адресата „Матеја Матевски“ во Скопје е истата адреса каде стан има Трипуновски.
-Моето јасно прашање до вас е дали вие или некој друг свесно и намерно во МВР ја прекина операцијата односно го уапси директорот пред тој да ги достави парите до министерот за земјоделство. И брат да е, ќе одговара, рековте вие, кажа пратеничката во прашањето до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Анакиев е уапсен поради сомнение за примање мито во износ од 50.000 евра. Тој е потпретседател на Социјалистичката партија, а за директор беше поставен во јули 2024.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Анакиев во својство на службено лице, директор на ДИЗ, со цел стекнување на противправна имотна корист, од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер, побарал поткуп во износ од 100.000 евра за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.
На 19 март било извршено примопредавање на 50.000 евра како прва рата од побараниот поткуп, при што истите од оштетеното лице ги презел шпедитерот, со цел подоцна да му ги предаде на Анакиев. По земањето на парите од страна на Анакиев, како што велат од МВР, преземени се оперативно-тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби, извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, парите се пронајдени под совозачкото седиште и одземени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…
Славјанка е новата министерка за одбрана?
Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…