Петровска: АРМ се подготвува за вклучување во можниот koнфликт меѓу Русија и Украина

t

Позициите на нашата држава по однос на проблемот што го имаат Руската Федерација и Република Украина е дека целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Како земја членка на НАТО, ја поддржуваме и се залагаме за политиката на отворени врати и правото на секоја земја, вклучително и Украина, за самоопределување, истакна вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју на ТВ Телма.

-Од она што и ние по нашите канали на комуникација во рамки на НАТО структурите го добиваме и од она што се информира јавноста, е дека во тек се дипломатски преговори за мирно решавање на овој спор. И апсолутно како држава таквиот тек на настаните го поддржуваме, односно се залагаме за дипломатско решавање на овој спор, потенцира Петровска.


Во однос на обврските на македонската армија како членка на НАТО, во случај на руска инвазија на Украина, министерката рече дека ангажманот на нашата армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Минск.

-На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука се уште не е донесена, истакна Петровска.

Министерката истакна дека нашата држава до сега од Русија нема добиено никакви барања како што побара од НАТО да се повлече од Бугарија и Романија. Во однос на релациите со Федерацијата, Петровска рече дека како држава негуваме добри дипломатски и пријателски односи со сите држави.

– Имаме исклучително добри билетерални релации, но сепак како држава нашите институции се задолжени и се должни да ги штитат интересите пред се на нашата држава односно националните безбедносни интереси. Во таа насока беше и протерувањето на дипломати кои очигледно е дека по сознанијата кои нашите институции ги имале, ја преминале границата, односно обавувале дејствија кои не се во согласност со прописите и процедурите, појасни Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) “Слава на Русија”: Заробени украински војници…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Ердоган не попушта: Нема НАТО ако Финска…

Турција нема да се согласи со приемот…

Италија предлага “Киев да се седне на…

Италија, Унгарија и Кипар предлагаат последното коминике…

Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…

Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…

Русија потврди: Во воздушен напад бил погоден…

Руските војници отвораат два морски коридори за…