Петрушевски: „Претседателот на УПОЗ се луксузира“, Деаноски врати: „Лесно е да се лаже и измислува со пратенички имунитет“

t

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ,  порача денес на прес конференција дека синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и „луксузни игри“ на Јадранот, мислејќи под таа фраза на спортските синдикални игри на кои учествувал УПОЗ. 

„Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија.

Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДС. И затоа, наместо да шири празни флоскули и демагогии, треба да каже дали се точни информациите кои ги добивме од свиркачи во синдикатот, дека на спортските игри  предност имале да одат оние кои заедно со него и Трендафилов протестираа, а воедно се членови на СДС?

Наместо УПОЗ и ССМ да бидат целосно посветени на заштита на работниците, нивното раководство предводено од Деаноски и Трендафилов се повеќе покажува дека го губи компасот и дека се оддалечува од базата, од членството и од реалните потреби на народот. Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат и да се трудат да го полнат џебот на работниците, а не да живеат на сметка на истите, изјави Петрушевски, обвинувајќи ги синдикалците за трошењето нивни – а не државни пари“, рече Петрушевски.

„Децидно ги демантирам обвинувањата на владејачката гарнитура на чело со пратеникот Бране Петрушевски, кој со денови ме обвинува дека сум трошел синдикални пари“, вели претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Првиот човек на гранковиот синдикат кој е дел од ССМ вели дека нападите се тенденциозни поради борбата на синдикатите за поголеми рабoтнички права кои им пречат на власта.

„На настанот во Црна Гора се одржаа синдикални спортски игри, 31-ви по ред што ги организира Синдикатот на УПОЗ, кои од сопствен џеб ги плаќаат учесниците. Игри на работниците, платени од работниците, за работниците. Ништо тајно, ништо луксузно, ништо скриено. Ама ете, кога синдикатот ќе стане премногу гласен за правата на работниците, за минимална плата, за живот што станува сè поскап, е тогаш одеднаш „луксуз“ стануваат дури и спортските игри. Интересно? Кога работниците плаќаат за своите игри одеднаш проблем. Кога работниците плаќаат за политичарите тогаш е добро. Тоа е разликата. И уште еднаш, народски кажано. Кога некој зборува од позиција на имунитет, лесно е да се лаже и измислува. Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи да се бори за достоинствени плати, за чесни услови, за работникот да не биде последен во сопствената држава. А кој се плаши од таа борба, нека објаснува што сака. Работниците многу добро знаат кој е со нив“, напиша тој на ФБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрушевски: „Претседателот на УПОЗ се луксузира“, Деаноски…

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ,  порача денес…

Минималната синдикална кошничка за мај 2026 година,…

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека…

Трендафилов: Фокусот треба да биде спречување на…

Регионална министерска конференција – „Предводење на промените:…

Што се случи со платите после 3…

Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати…

„За плата се бориме, не се молиме!“…

Зад паролата „За плата се бориме –…