Објавено на:

Пет затвореници во Иран се осудени на смртна казна: Организација за човекови права повика на итна меѓународна акција за запирање на егзекуциите

t

Врховниот суд на Иран ги потврди смртните казни за пет политички затвореници кои се наоѓаат во затворот Шејбан во Ахваза, на југозад на земјата, соопшти денеска иранската организација за човекови права „Карун“.

„Карун“ наведува дека пет затвореници се во непосредна опасност од егзекуција, по судењата за кои овени дека се обележани со ускратувањето на пристап до независни адвокати, кршење на правата на обвинетите и користење „присилни признавања“, пренесува сајтот на приватната телевизија на персиски јази „Иран интернешенел“, со седиште во Лондон.

Во соопштението се наведува дека Масуд Џамеи, Алиреза Мордаси и Фарсхад Етемиади-Фар се осудени по обвиненија кои вклучуваат корупција, членство во бунтовнички групи кои се спротивставуваат на Исламска Република, пропаганда против системот, собирање и заговор“.

Хасан Мосалави, кој е арапски граѓански и култирен активист е осуден на смрт под обвијенијата за „водење војна против Бога и членство во арапските групи кои ѝ се спротивставуваат на Исламска Република. Реза Абдули е осуден на смртна казна и 15 години затвор под обвинените за „контакт со организации од земјата“.

Организацијата за човекови права „Карун“ повика на итна меѓународна акција за спречување на егзекуциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет затвореници во Иран се осудени на…

Врховниот суд на Иран ги потврди смртните…

Меџити: При крај се градежните работи на…

Во населбата Саат Кула привршува реализацијата на…

Во последните неколку недели има пријави за…

Косовската полиција и Врховниот обвинител на Косово…

Путин зборува за „неизбежна руска победа“, Украина…

Американскиот Институт за проучување на војната (ISW)…

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка…

Утре во Скопје ќе се одржи програмски Конгрес…