Пет месеци од трагедијата во Кочани, потресна порака од мајката на загинатиот Андреј: Пет месеци празнина во моето срце.

t

За мојот најмил Андреј

Утре се навршуваат пет месеци откако мојата душа е осиромашена, откако секој ден болката станува поголема без тебе — мој вечен и непреболен сине, пишува во Фејсбук објавата на Марија Петрушова, мајка на Андреј, една од жртвите во дискотетката „Пулс“ во Кочани

Пет месеци празнина во моето срце.

Пет месеци во кои секој здив тежи.

Пет месеци во кои спомените се мојата единствена сила.

Андреј, сине на мајка, ти си во секоја моја мисла, во секој поглед, во секој мој здив. Знај, сине, никогаш нема да бидеш заборавен

Сите твои и мои роднини, другари и пријатели се мојата сила и поддршка.

И утре, како и секогаш, ќе бидат покрај мене на Маршот на ангелите — затоа што знаат дека правдата сама од себе не доаѓа…

Но, синко мој, реалностa, за жал, е сосем друга

Очигледно мора секоја сабота да потсетуваме дека сте постоеле, дека болите, и дека ние, родителите, никогаш нема да замолчиме — колку и да се надеваат некои.

Затоа, ако имате слободен еден час, а мислите дека трагедиите не се ваша работа — тогаш, слободно, останете дома. Но, ако во вас има трошка емпатија и болка, како што велите, тогаш покажете — и придружете ни се!

Придружете ни се за побезбедна иднина на вашите деца

Да докажеме дека љубовта и вистината не можат да се купат, заборават или замолчат!

Дека животот на нашите деца неможе да се купи со пари!

Дека тие се целта за нашето постоење!

Но, едно знај сине, во име на љубовта и почитта кон тебе и кон сите останати ангели, ние – вашите родители, никогаш нема да се откажеме од борбата за правда за вашите прерано згаснати животи и за подобра иднина на сите !!!

Почивај во мир, ангел на мајка, мој вечен непребол

Моето срце вечно ќе гори за тебе, ќе продолжам да те сакам и да те носам во него сè додека повторно не се сретнеме некогаш, стои во објавата на мајката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет месеци од трагедијата во Кочани, потресна…

За мојот најмил Андреј Утре се навршуваат…

Прифатен амандманот на Левица независните кандидати да…

Собраниската комисија за политички систем и односи…

Хорор во Прилеп: Прилепчанец ја удрил со…

Ја удрил со возило, па физички ја…

Фицо: Со самитот на Алјаска започна важен…

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и…

Битолчанец прегазил десетгодишно момче од Австралија

Од полицијата во Битола информираат дека вчера…