Пешак загина по удар од автомобил, возачот избегал

t

Синоќа по полноќ, во 00.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот И.Е.(75) од Скопје и го напуштило местото.

Од здобиените повреди на местото починал И.Е., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…

Малолетничка со трактор прегазила пешак

Малолетничка која возела трактор, прегазила пешак во…

Товарно возило прегазило пешак во Пехчево

На 01.06.2024 во 07.40 часот било пријавено…

Петков им изрази сочувство на роднините на…

„Автомобилот со кој вечерва одевме за Варна…

Прегазен пешак во Кисела Вода

Вчера во 09.20 часот во СВР Скопје…