Повторно можете да закажете за промена на лични документи онлајн

t

Повторно е овозможено закажување за промена на личните документи онлајн, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Имено, во оваа секција наречена “Поднеси барање за термин” граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request – стои во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…