Повторно ограбена фабриката за марихуана во Карбинци која ја обезбедува МВР – Овојпат се украдени клима-уредите

t

Украдени се и клима-уредите од фабриката за производство на марихуана во Карбинци, откако од истата фабрика претходно беа украдени големи количини на марихуана, дознава Инфомакс.

Кражбата се случила во јуни, додека објектот е обезбедуван од страна на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот.

– Ве известуваме дека во СВР Штип било пријавено дека во временски период од 15.06.2025 од 14.00 часот до 06.30 часот на 16.06.2025 година,  од  „НН“ лице/а е влезено во кругот на правен субјект во село Радање, општина Карбинци, каде од  преградена просторија е одземен еден клима уред. Во СВР Штип веќе се отпочнати проверки за утврдување на евентуално незаконито, непрофесионално или несоодветно постапување на полициски службеници од СВР Штип.

Ве известуваме дека полициски службеници од Министерството за внатрешни работи го обезбедуваат објектот. – стои во одговорот од МВР.

Претходно истата фабрика беше ограбена и беше одземена поголема количина на марихуана.

– На ден 28.03.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип е пријавена кражба на стебла од запленет канабис од фабриката за која прашувате лоцирана во општина Карбинци. Извршен е увид на лице место и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Фабриката од 05.03.2025 година ја обезбедуваат полициски службеници од ПС ОН – СВР Штип.
Инаку, во последните месеци не се евидентирани ниту пријавени било какви кражби во фабриката за одгледување на канабис за медицински цели лоцирана во с.Радање, Општина Карбинци, ни соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно ограбена фабриката за марихуана во Карбинци…

Украдени се и клима-уредите од фабриката за…

Акција во Скопје и Куманово: Уапсени се…

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно…

Селективност од страна на МВР: Поднесуваат кривични…

МВР поднесува кривични пријави за урбана опрема,…

Штабци ги ставиле директори на Национален парк,…

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во…

Нов скандал во МВР, милионски тендер за…

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ -…