Повторно одложена главната расправа за пожарот во модуларната болница
По 4-ти пат одложена главната расправа во случајот за пожарот во модуларната болница во Тетово откако Апелациониот суд – Гостивар предметот го врати на повторно судење во тетовскиот Основен суд.
Поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување, следното рочиште е закажано за на 18 март, во 10 часот.
Апелација во април минатата година донесе решение со одлука да се повтори судењето за поранешните директори на Клиничката болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и за болницата како правно лице, додека ослободителната пресуда беше изречена за докторот Бобан Вучевски.
Во Одлуката меѓу другото се вели дека констатацијата на првостепениот суд е воопштена и нејасна, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите.
Обвинетите во случајот очекуваат повтореното судење да донесе правда и пресуда во нивна корист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно одложена главната расправа за пожарот во…
По 4-ти пат одложена главната расправа во…
Над 1. 000 полицајци упаднаа во резиденцијата,…
Џун Сук Јеол стана првиот јужнокорејски претседател…
СДСМ Прилеп: Општинската власт предводена од ДПМНЕ…
Неспособноста на општинската власт предводена од ДПМНЕ…
Бугарија добива Влада: Радев му го додели…
Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи…
Искасани од кучиња скитници вчера во Гази…
Три лица од Скопје вчера пријавиле напади…