Подлегнаа на притисоците: 9 лица признаа вина во случајот Титаник – очекуваат дека ќе ги ослободи судот во Стразбур
Деветмина обвинети во случајот на поранешното СЈО, Титаник утринава во Кривичниот суд во Скопје на првото рочиште од предметот ја признаа вината.
Меѓу лицата кои признаа вина пред судот за обвинението кое го застапува, обвинителката Лиле Стефанова се поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и поранешниот владин генерален секретар Мартин Протуѓер.
Како што вчера објави Инфомакс причината за ваквата постапка е фактот што тие биле под огромен притисок и закани од страна на обвинителството, но и извршната власт.
Според нашите информации главен посредник помеѓу Лиле Стефанова и екс премиерот Зоран Заев бил токму еден од најблиските соработници на Никола Груевски, Мартин Протуѓер кои според нашите информации веќе неколку години соработува со власта на СДСМ за да се заштити од политичкиот прогон во државата.
Иако пред судот тие посочиле дека преземаат одговорност како морален чин, вистината е дека голем дел од нив биле соочени со тортура, уцени и закани бидејќи ова не е единствен предмет во кои тие се обвинети, а со цел да се спасат себе си нанеле огромна штета на останатите обвинети, но и на својата партија.
Повеќето обвинети кои утринава признале вина се обвинети во други случаи на СЈО во кои можеби постојат реални докази за нивна вина, па со цел да се спасат од нови притвори и затворски казни соработувале со Стефанова и Заев, спасувајќи ја нејзината кариера, но и Владата на СДСМ.
Причината зошто утринава обвинетите добија повторно шанса да се произнесат за својата вина е што целиот предмет почна од почеток откако еден од судиите поротници замина во пензија.
И токму ова го фрла најголем сомнеж на случајот имајќи во предвид дека предметот ТИтаник против обвинетите се води веќе 5 години и нема никаква логика овие лица доколку досега се чувствувале како виновни дури сега да признаат вина.
На маса како што дознава Инфомакс биле и нови судски предмети против 9-мината па така Стефанова повторно го направи она за што СЈО е познато во јавноста, односно тргуваше со правдата нешто поради кое нејзината поранешна шефица Катица Јанева во моментов е во затвор.
За иронијата, но и самите аргументи дека станува збор за политички прогон да бидат уште поголеми, обвинетите во своето експозе пред судот се изјасниле дека се аболицирани и набргу судот во Стразбур ќе ги ослободи сите.
Имено се очекува во наредните неколку месеци, односно најдоцна до мај мецес годинава сите оние кои беа аболицирани од екс претседателот Иванов да се најдат на слобода бидеј судот за човекови права во Стразбур ќе има позитивна пресуда во корист на обвинетите од СЈО.
Стразбур и не може да одлучи поинаку бидејќи никаде во светот аболицијата не може да биде повлечена бидејќи се коси со правото и западните демократски вредности.
Во случајот „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски кој е во азил во Унгарија, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Сепак во овој случај факт е дека обвинителството имаше сериозен недостаток на докази и сведоци, па така истиот се одолговлекуваше до недоглед до степен едно од делата да застари, а еден од судиите поротници да замине во пензија.
Ваквиот потег на обвинетите кои признаа вина единствено е во корист на власта на СДСМ и спас на фотељата на новиот премиер Димитар Ковачевски чија Влада од ден во ден се ниша поради големите скандали, економската, здравствената и енергетката криза.
Признанието на вина би ја спасило и кариерата на обвинителката Ленче Ристовска која има покренато низа случаи против екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се базираат единствено на политички прогон, случаи во кои нема докази и аргументи кои се на страна на обвинителството.
Деветмината кои признаа вина со ваквата постапка си наштетија, оцрнувајќи се самите себе си, но и останатите обвинети кои сметаат дека имаат доволно докази и се чувствуваат невини за овој случај кој стана симбол за политичкиот прогон на власта кон опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА вечерва кај скопската обиколница
Тешк сообраќајна несреќа вечерва се случила кај…
(Видео) Ставете појаси, спремете коленца, „Тешки Мубаети“…
Драги наши читатели и гледачи, наскоро почнуваме…
Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега…
Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи: Ме…
Борел: Операцијата на Украина во правец на…
Офанзивната операција на украинската армија во правец…
НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА…
Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка…