Поднесено обвинение за намерното предизвикување пожар кај Патишка Река

t

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Тројцата соизвршители, на 9 август предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, општина Сопиште. Со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери.

Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение за намерното предизвикување пожар кај…

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од…

Патрушев: Западот се обиде да организира обоена…

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Николај…

(Видео) Со веење белото знаме Русите се…

Украинските војници ја пробиле одбранбената линија, го…

Изет Меџити: Нема Албанец кој нема да…

Првиот вицепремиер Изет Меџити денеска истакна дека…

Ќе седнат ли Мицкоски и Арсовска на…

Ќе седнат ли премиерот Мицкоски и градоначалничката…