Подобро од лани – резултатите од државната матура со средна оцена 3.69

t

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на денешната прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок од државната матура, според кои просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита е 3.69.

Во овој испитен рок за полагање биле пријавени 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици, а од нив околу три проценти не дошле на испитите.

Јаневска изрази задоволство бидејќи просечниот успех е подобар од оној од минатата година, кога просечната оцена била 3.26.

Министерката истакна дека оваа година немало голем број препишувања, односно биле регистрирани 172 матуранти кои се обиделе да се „снајдат“ и да препишат и додаде дека биле поднесени вкупно 507 приговори по сите предмети.

Оваа година, предметот мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе полагаат во сесијата во август на која е предвидено полагање испит по мајчин јазик и литература на 12 август, додека пак на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матурантите од година во година тонат со…

Професори од средните училишта и од универзитетот…

Матурскиот испит по македонски јазик ќе биде…

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен…

Пријавено масовно препишување: ДИЦ на стручен колегиум…

Државниот испитен центар денеска на стручен колегиум…

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

Ако нема повисоки плати, ќе нема полагање…

Од вчера 29 вработени во Државниот испитен…