Поевтинуваат горивата во Македонија: Ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 1.07.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860%, кај дизелот за 1,390%, кај екстра лесното масло за 1,407% и кај мазутот има зголемување е за 0,959%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг.
Од 5.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 110,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,201%.
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Словенија го забрани величење на четниците и…
Парламентот на Словенија гласаше за измена на…
(Видео) Демонстрации против Трамп во Панама: „Рацете…
Стотици луѓе демонстрираа во вторникот пред американската…
Трагедија: Маж пронајден починат во камп приколка,…
На 23.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено…
Прво годишно обраќање на Сиљановска Давкова во…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе…