Пожарот во Езерани, еколошка катастрофа во срцето на Преспа

t

Пепел, црнила и невообичаена тишина. Вака изгледа Паркот на природата „Езерани“ во Преспа, по серијата пожари што го зафатија минатата недела. Изгореа над 500 хектари или половина од копнената површина на ова уникатно заштитено подрачје, препознатливо по својата биолошка разновидност. Голем дел од ситниот дивеч жив изгоре, а птиците го напуштија паркот и се повлекоа кон крајбрежјето.

„Огромни штети се нанесени на целиот биодиверзитет на паркот. На голем дел од популацијата на птици гнездата им се изгорени. Изгоре евлова шума, ливади, трска и други типови живеалишта во паркот“ изјави Златко Пандовски.

Последиците се катастрофални не само по екосистемот, туку и за локалното население.Пожарот предизвика огромни штети во Паркот на природата Езерани, кој е дом на над 200 видови птици, меѓу кои и најголемата колонија пеликани. Но огнот пеплоса и голем број овоштарници во овој дел од Преспа. И мештаните се вклучија во гаснењето на пожарот кој пред очи им ги голташе насадите.

„Изгореа овоштарници, не знаеме дали ќе се обноват дрвјата. Гаснеа пожарникари, ренџери, помагавме и ние. Сликата беше страшна, прво пламенот беше 30 сантиметри, а потоа скокна на повеќе од 4 метри“ рече Александар Мицковски, жител на Волкодери.

Езерани е заштитено подрачје од четврта категорија, национално и светско прирдоно богатство каде живеат ендемични и загрозени видови од флората и фауната. Екологистите велат загубата е ненадоместлива.

„Ова е голема трагедија. Голем број живи суштества изгореа во пожарот. Кога зборуваме за вакви пожари, акцентот се става на загубата на дрвна маса, но штетите се многу поголеми, особено за биодиверзитетот, за разните растителни и животински видови. Тоа е огромна загуба за Преспа и за цела држава“ изјави Игор Ефтимовски, Македонско еколошко друштво.

Се претпоставува дека пожарот бил подметнат, а пожарникарите и ренџерите иако виделе сомнително лице, не успеале да го фатат.

„Камери има во паркот, но дел изгореа, дел ни се украдени, а оние што останаа не видовме никој, вели ренџерот Пандовски.

Министерството за животна средина побара итна истрага за причините, санкции за еколошката штета и најави мерки за обнова на овој уникатен екосистем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот во Езерани, еколошка катастрофа во срцето…

Пепел, црнила и невообичаена тишина. Вака изгледа…

(Фото) Повеќе од 150 војници вклучени во…

Над 150 армиски припадници и денес беа…

До 18 часот вкупно 29 пожари на…

До 18 часот вкупно 29 пожари на…

САД и ЕУ постигнаа историски трговски договор

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа…

Кац му се заканува на Хамнеи: Израел…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац упати…