Пожарот во напуштената зграда на „Вјесник“ го подметнале двајцата 18-годишници кои биле инспирирани од ТикТок предизвик

t

Две лица на 18-годишна возраст се осомничени дека го предизвикале катастрофалниот пожар во напуштената зграда на „Вјесник“ во Загреб, соопшти загребската полиција по завршената кривична истрага. Тие се товарат за тешки кривични дела против јавната безбедност како и загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие.

Според истрагата, двајцата осомничени влегле во објектот заедно со уште неколку малолетници. Групата, инспирирана од ТикТок предизвик за фотографирање во напуштени простории, се качила до 15-ти кат, кадешто, според сомневањата, е запалено картон полн со хартија. Пожарот брзо се проширил, предизвикувајќи голема материјална штета и целосно компромитирајќи ја стабилноста на објектот.

Еден од осомничените, целосно ја негира вината. Тој тврди дека не видел кој го предизвикал огнот и дека пожарот го забележал дури подоцна. Другиот 18-годишник се предал сам во текот на денот.

Во меѓувреме, уште едно лице поврзано со настанот се предало на полицијата и е под надзор. Уапсениот тинејџер денес беше спроведен на испрашување во Општинското државно обвинителство, а истражниот судија треба да одлучи дали ќе му биде определен притвор.

Случајот отвори сериозни прашања за заштитата и надзорот на напуштените објекти во Загреб, кои сè почесто стануваат цел на младински групи инспирирани од социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот во напуштената зграда на „Вјесник“ го…

Две лица на 18-годишна возраст се осомничени…

Државата прво им одобри, а потоа им…

На 17 ноември, по повод Меѓународниот ден…

Западни медиуми: САД се закануваат дека ќе…

САД се закануваат дека ќе ја прекинат…

Ивица Томовски ќе биде нов генерален секретар…

Актуелниот директор на владината Служба за општи…

Вучиќ ги отфрли обвинувањата дека бил дел…

Српскиот претседател Александар Вучиќ во четврток ги…