Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција
Иако пожарот во селото Раец е целосно изгаснат, екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци и натаму остануваат на терен, каде што вршат редовни контроли на целото опожарено подрачје.
Ова попладнево преку објава на Фејсбук го соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, истакнувајќи дека превентивните активности продолжуваат и по локализирањето на пожарот.
– Со превентивни обиколки и внимателно следење на состојбата, се проверуваат сите критични точки, со цел навремено да се реагира доколку се појави повторно разгорување. Безбедноста на граѓаните и спречувањето на нови жаришта остануваат највисок приоритет – напиша Јанчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни три пожари во Македонија
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно…
Камионџиите од Западен Балкан утре на средба…
Превозниците од Западен Балкан утре во Скопје…
И реките Тополка и Бабуна загадени, не…
Најновите анализи што ги изврши Центарот за…
(Видео) Трамп се пофали дека го нарекувале…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент…
„Не сум против фрлање јајца, за дијалог…
Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста…