Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран
Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во општина Дојран и сè уште е активен – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско возило.
Од ЦУК – Гевгелија информираат дека гори деградирана шума и прнар, а поради ветер, пожарот се шири во повеќе насоки. Засега не е преминат на територијата на соседна Грција, но е во непосредна близина на границата.
Грчките медиуми од соседен Кукуш веќе известија за пожарот кој е видлив и од нивната граница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во близина на македонско-грчката граница кај…
Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во…
Македонската полиција формираше Task Force, поинтензивна борба…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Се одложува затворската казна за Јакимовски поради…
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,…
Нема веќе дивеење: На електричен тротинет само…
Собранието денеска во рамките на продолжението на…
360 степени: Клековски во Здравство, Перински во…
Во претстојната реконструкција на владата на премиерот…