Објавено на:

Пожар кој изби на штипскиот Исар ги вознемири граѓаните подоцна огнените јазици се ставија под контрола

t

Четири големи пожари денес беснеа на истокот. А вистинска драма се одвиваше во Штип откако околу пладне избил пожар во реонот на тврдината Исар, во централното градско подрачје.

Сите противпожарни возила, пожарникари и доброволци, како и населението и волонтери, беа на терен, каде што со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, се обидуваа огнените стихии, кои на моменти изгледаа навистина застрашувачки да не дојдат до најблиските куќи.

Благој Ренџов, командир на ТППЕ-Штип

– Пожарот на тврдината Исар е ставен под контрола. На терен има една екипа за догасување, која ќе остане таму во текот на целиот ден.

„Граѓаните во паника, но и исплашени за своите домови буквално се обидуваа на секаков можен начин да им помогнат на пожарникарите во гаснењето на пожарот, а во гаснењето на истиот се вклучи и еден Ер трактор на ДЗС.“

Воздушна интервенција го локализираше пожарот во градот под Исарот, за среќа нема повредени и нема зафатено куќи во населбата, која е под тврдината, во непосредна близина на градската црква. Според првични неофицијални информации и искази на очевидци, пожарот избил од искрење од жица на електричен столб.

Но, освен во Штип, драма се одвивала и на патниот правец Штип-Пробиштип, каде бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило. Во несреќата се повредени повеќе лица, кои се пренесени во штипската болница за укажување лекарска помош. Дополнително, неколку лица побарале медицинска помош поради вдишување чад. Во гасењето на овој пожар во пробиштипско дејствуваат три ер трактори.

А освен овие два големи, нов и сериозен пожар попладнево има помеѓу штипска Чардаклија и Караорман, каде горат фотоволтаици. Таму, неофцијално искра од косилка за трева е причината за овој пожар, кој поради силниот ветер зафати поголема површина. Истиот, според официјални информации на штипската пожарна е изгаснат.

Но, во попладневните часови сосема нов пожар и кај штипска млекара, каде беа евакуирани вработени од текстилна компанија. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека набргу се очекува да биде ставен и овој пожар под контрола, а таму на терен се 4 возила и шест пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кој изби на штипскиот Исар ги…

Четири големи пожари денес беснеа на истокот.…

Можна е руска провокација, морничаво предупредување од…

САД ја предупредиле Полска дека Русија би…

Значи можело: Македонска фирма ќе исплати по…

Компанијата Стокомак соопшти дека и оваа година…

Тешка сообраќајна незгода: Две возила се судрија…

Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот…

Апасиев до претседателот на Уставен: Не ти…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со остра…