Објавено на:

Познато каде ќе завршат борците на Азов: Русија повторно ги отвори гулазите…

t

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на размена, за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро.

Речиси сите украински војници кои ја бранеа челичарницата „Азовстал“ во Мариупол им се предадоа на руските сили. Повеќето од нив се во регионот на Доњецк кој е под контрола на сепаратистите, а Украина се надева дека успешно ќе ги разменат затворениците.

Податоците објавени од Кремљ покажуваат дека околу 1.000 војници од опколениот Мариупол биле префрлени во областите контролирани од сепаратистите поддржани од Русија, главно во Доњецк.

Денис Пушилин, лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), изјави дека суд ќе одлучува за судбината на украинските борци од Азовстал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…