Политичарите во Црна Гора паѓаат како круши: Следен на список е претседателот на парламентот

Во Подгорица денеска ќе се одржи четвртата вонредна седница на Собранието на Црна Гора, на која пратениците на предлог на опозицијата ќе одлучуваат за смена на претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ.
Во образложението на предлогот се наведува дека Собранието за време на мандатот на Бечиќ не било место на суштински политички дијалог, поради што не успеало да исполни една од основните функции и да доведе до забрзување на европскиот пат на Црна Гора.
Пратениците од опозицијата го поднесоа предлогот, а единствениот кој не го потпиша беше пратеникот на Албанската листа, Генци Ниманбегу. Демократскиот фронт (ДФ) и Социјалистичката народна партија (СНП), кои потпишаа меморандум со Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ за формирање нова малцинска влада, соопштија дека нема да гласаат за отповикување на претседателот на Собранието.
Демократска Црна Гора на Бечиќ соопшти дека секој што ќе гласа за негова смена на вонредна седница на Собранието или не учествува на гласањето, склучил договор со Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ и формирал нова парламентарна коалиција. Претседателот на Парламентот се разрешува со мнозинство од вкупниот број присутни пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…