Полициски синдикат: „ЧЕСТИТКИ за постигнатото Министре Спасовски💖💖 🥳“

t

Полицискиот синдикат со сатиричен текст на фејсбук му ги честита успесите на министерот Оливер Спасовски. Објавата ја пренесуваме интегрално:

„ЧЕСТИТКИ за постигнатото Министре Спасовски💖💖 🥳
Вака се сакаат граѓаните на Република Македонија🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Вчера се пофаливте дека ги отепавте со казни 1/4 од граѓаните во Република Македонија…..250.000 казни🥳…но воопшто не кажавте дали “ја пронајдовте” ЗАДОВОЛНАТА ПОЛИЦИЈА. Да, онаа “задоволна” полиција која цела 2021 година ја “отепавте” секојдневно со републички и локални контроли🎯
За казни значии..сте махер. Но затоа пак ајде од денес излезете и пофалете се дека……..: ✔
– Престанавте со илјадници незаконски решенија за распоредување кои сеуште од ракав секојдневно ги делите⛔
– Во Ваше време до денес се дадени стотици и стотици незаконски унапредувања,
– Нарушените меѓучовечки односи КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА ги подобривте,
– Униформа за полицијата…. зимски ЈАКНИ немаат колегите со години ( толку ли има неспособни во МВР што незнаат еден тендер да објават со години❗🔞)
– ПЛАТА во Полицијата и тоа покачување за МИЗЕРНИ 5% (и ова ли ќе биде мало сутра ⁉️)
– 71 ФАРБАЊА со поликолор на фасадите (излезете денес и пофалете дека сте окречиле уште еден објект зошто за ова сте НАЈДОБРИ) 😱
– Не заборавајте да се пофалите и за стотиците “ИЗМИСЛЕНИ” ДИСЦИПЛИНСКИ потпишани од ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ (ќе излезе ли конечно да му го чуеме гласот⁉️)
– Излезете денес пред јавноста и пофалете се дека полициските службеници со години наназад немаат панцири, заштитни плочи, гас маски, средства за работа…..абе немаат тонери со месеци во пола орг.единици, сапун и тоалетна немате во сите згради во базата каде Вие сте сместен најпочитуван и единствен Министре…
– Пофалете се со поранешниот доцент дека создадовте Колективен со кој ограничивте или укинавте десетици права кои претходно постоеја за колегите ⛔🔞
Имаме уште бесконечно причини да ГО ПОФАЛИМЕ Министерство за внатрешни работи дека создава ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА
*****⛔**********⛔***********⛔**********
Како тргна работава ќе излезе дека со нетрпение го чекаме денот (почетокот на наредниот месец) кога Министерот Спасовски Оливер ќе излезе така СИЛНО и гордо пред медиумите и пред целата Македонска јавност ќе соопшти дека благодарение на него, Министерството доделило ПЛАТА за сите работници во МВР (онака како што се пофали за бонус платата и казните де 😉💖)
За крај да не спомнуваме дека во 2020 радарите беа со “месеци” на баждарење, за карантинот итн…. зошто тоа не е за кажување, оти така паѓа “митот” за Д’бест🙃💔“ – Пишува во Фејсбук постот на полицискиот синдикат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…