Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа

t

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле. Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за две лица кои во…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40)…

Скопјанец со нож повредил малолетна девојка со…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишник…

МВР лиши од слобода 10 возачи кои…

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…

Претреси во Охрид, Кавдарци и Велес, пронајдена…

На 13.02.2026 во 11:00 часот во Охрид,…