Полицијата во Тетово уапси банда на дилери, лихвари и рекетари

t

Утрoво е извршен претрес во с. Брвеница каде што се лишени од слобода 5 лица, а кај нив се најдени оружје, дрога и пари.

„На 28.01.2026 во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишија од слобода И.Ј.(43), С.З.(36), Д.П.(69), Д.П.(65) и С.З.(42), сите од село Брвеница. Извршени се претреси во с. Брвеница, во куќи, помошни простории и патнички возила, а врз основа на претходно издадена судска наредба.

При тоа, кај И.Ј. се пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, два куршуми од пиштол непознат калибар и една чаура од автоматска пушка.

Кај С.З.(36) се пронајдени и одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Кај Д.П.(69) се пронајдени и одземени пиштол кој го поседувал без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол кои ги поседувал со дозвола.

Кај Д.П.(65) се пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери и околу 31640 евра, 3400 швајцарски франци и 56500 денари. Кај С.З.(42) е пронајдена бела прашкаста материја.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Тетово уапси банда на дилери,…

Утрoво е извршен претрес во с. Брвеница…

МВР денеска го тестира „Безбеден град“ во…

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки…

Во Тетово и Куманово утре ќе се…

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

Приведен тетовец возел пијан и во спротивна…

Четириесет и седумгодишниот Д.М. од тетовското село…

Во Тетово прегазена 73-годишна жена од скопско…

МВР информира дека вчера попладне во 14:00…