Поплави во Сарај, активирани се сите надлежни служби, велат од ЦУК
По обилните врнежи од дожд, во Општина Сарај се евидентирани поплавени куќи, по што Центарот за управување со кризи соопшти дека веднаш се активирани сите надлежни служби и е воспоставена целосна координација на терен.
Според информацијата, директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и претставници од Владата и институциите, е на терен кај селата Буковиќ и Семениште, каде што ја следат состојбата и ја координираат институционалната реакција.
Во теренските активности, како што е наведено, вклучени се и Беким Сали и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, како и Зекерија Бериша.
ЦУК информира дека екипи на противпожарните бригади од Скопје и Тетово вршат испумпување вода од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП „Водовод и канализација“ работи на стабилизирање и прочистување на канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања. Паралелно, Дирекцијата за заштита и спасување врши проценка на штетите и обезбедува логистичка и техничка поддршка во координација со локалните структури.
Од ЦУК порачуваат дека надлежните служби ќе останат на терен сè додека состојбата целосно не се стабилизира и не се санираат последиците од поплавите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поплави во Сарај, активирани се сите надлежни…
По обилните врнежи од дожд, во Општина…
ЦУК: Евакуирана 180 луѓе во Кичево, поплавени…
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија…
Критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија…
Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување…
ЦУК: Патните правци се проодни – во…
Од Центарот за управување со кириз (ЦУК),…
ЦУК: Поплави во Пелагонија и Југозападот, одрони…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…