Поплави во Сарај: 30 куќи под вода во Чајлане, жителите привремено се иселија
Обилните врнежи предизвикаа сериозни поплави во општина Сарај, при што најпогодено е селото Чајлане. Таму, мал поток се излеа од своето корито и поплави десетици домови, оставајќи зад себе голема материјална штета.
Во дворовите и куќите и денеска се испумпува вода. Дел од жителите велат дека штетите се огромни.
Поради непријатната миризба и влагата во домовите, семејствата привремено се преселиле. Жителите велат дека останале и без чиста вода за пиење.
Жителите предупредуваат: Реката е стеснета
Мештаните посочуваат дека главната причина е излевањето на реката од коритото, кое, според нив, е стеснето.
Тие стравуваат дека без итна интервенција, секој пообилен дожд ќе значи нова опасност за нивните домови.
30 куќи поплавени, најавено обесштетување
Градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази, изјави дека во поплавите се оштетени околу 30 куќи и дека веќе е формирана комисија за проценка на штетите.
„Комисијата е на терен и ќе изготви записници согласно законот. Ќе ги доставиме до Владата и сите материјални штети ќе бидат надоместени“, изјави Елмази.
Тој додаде дека е остварена координација со Министерството за животна средина и дека договорот за уредување на реката е веќе потпишан. Според најавите, во рок од два месеци треба да започнат градежните активности за чистење, продлабочување и изградба на заштитен камен ѕид.
Поплавени четири села во Сарај
Освен Чајлане, поплави се регистрирани и во селата Буковиќ, Семениште и Арнакија. Дел од дворовите и помошните објекти се под вода, а локалните служби интервенираат со пумпи и механизација.
Жителите бараат трајно решение, предупредувајќи дека секоја година се соочуваат со сличен проблем. Во меѓувреме, додека се расчистува калта и се проценува штетата, останува неизвесноста дали најавените инфраструктурни зафати ќе спречат нови поплави во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поплави во Сарај: 30 куќи под вода…
Обилните врнежи предизвикаа сериозни поплави во општина…
Бесполезно трчање
Како што ви најавив во претходната колумна,…
„НЕМА ОТСТАПКИ“, порачаа од Европската комисија на…
Европската комисија (ЕК), засега, не покажува подготвеност…
Претреси во Франција како дел од истрагата…
Во Париз денеска се во тек претреси…
Ќе има ли повторно блокади на транспортерите…
Блокади на балканските граници кон ЕУ од…