Пораз на македонските фудбалерки на гостувањето во Унгарија
Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево претрпе висок пораз на гостувањето во Фалчут од домаќинот Унгарија со 7-0, во четвртото коло од квалификациите во Групата Ц3 за пласман на Светското првенство во 2027 година.
Како и на првиот дуел во вторникот во Битола на кој загубија со 5-0, избраничките на селекторот Александар Андов беа немоќни и во реваншот да му се спротивстават на унгарскиот состав.
Почетниот резултат стоеше на семафорот до 21 минута кога Мејер ја донесе Унгарија во водство. Унгарија со автоголот на Пенева го удвои водство до крајот на полувремето, а во вториот дел прецизни за домаќинките беа Папа (47), Мејер(51), Кајан (68), Наѓи (85) и Саванја (90+3, пенал).
Порано денеска во рамките на оваа група, Азербејџан ја совлада Андора со 2-0.
Во пресрет на последните две кола, Унгарија води со 10 бода, еден повеќе од Азербејџан. Трета е Македонија со три бода додека последна е Андора со еден бод.
Следното квалификациско коло ќе се игра на 5 јуни, кога македонските фудбалерки гостуваат во Андора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пораз на македонските фудбалерки на гостувањето во…
Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево претрпе висок…
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…
Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…
Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…
Обоена со сина боја зградата на МВР…
Денес на 7 март, светот ќе им…
Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…