Објавено на:

Поранешен британски министер: Европските добавувачи на гас се соочуваат со банкрот

t

Добавувачите на гас ширум Европа се соочуваат со реален „ризик од банкрот во рок од неколку дена“, предупреди поранешниот министер во британската влада Сер Алан Данкан, откако денеска двојно се покачи цената на гасот.

Цените на гасот во Велика Британија и Европа го следат трендот на растот на цената на нафтата која денеска се покачи на над 139 долари за барел, последица на најавите од САД дека на маса се „активни дискусии“ за забрана на увозот на руска сирова нафта.


Нафтата ни оддалеку не е важна колку гасот – изјави Сер Алан за „Би-Би-Си Радио 4“, објаснувајќи дека тргувањето со испораките на нафта е „пофлексибилно“.

Зголемувањето на цената на гасот би значело „компаниите што ја снабдуваат Европа со гас да не можат да ги исплатат маржите од договорите за следните испораки“, така што постои „ризик да банкротираат во рок од неколку дена – вели Сер Алан Данкан.

Тој предупредува дека пазарот на гас не се соочува само со проблемот на вртоглавиот раст на цената туку и со прашањето на логистиката дали воопшто ќе може да се обезбеди гас.

Мораме да го притиснеме копчето за итни случаи, да ги впрегнеме рацете за да го одржиме снабдувањето со гас низ Европа – рече тој.

Сер Алан Данкан уште предупреди дека Велика Британија би можела самата да си ги поремети доставите на гас со тоа што против себе ќе ги сврти руските компании што не се на листата под санкции, а се влијателни субјекти во трговијата со гас низ Европа.

Референтните цени на гасот за Европа се зголемија за 79 отсто на 345 евра за мегават-час, додека цените на гасот во Велика Британија во еден момент на почетокот на тргувањето достигнаа нов рекорд од 800 фунти за мегават-час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразилски експерт: Мултиполарен свет ќе има откако…

Ќе може да се изгради мултиполарен свет…

Сите грчки компании-купувачи се префрлија на плаќање…

Сите грчки компании-увозници на руски гас одлучиле…

Гајдов: Бугарија е рускиот тројански коњ во…

Бугарија е рускиот „тројански коњ“ во Европа.…

Војна е војна, но бизнис е бизнис:…

Рускиот нафтен гигант „Гаспром“ денеска најави дека…

САД ќе остават 100.000 војници во Европа

САД навестуваат дека уште некое време во…