Поранешниот претседател на Уставен суд ја советува Кацарска да поднесе оставка во знак на револт: Не може Џафери да се прави дека “не е од тука”

t

Претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиероот Димитар Ковачевски треба итно да се состанат и да најдат решение за собраниската блокада за избор на четири уставни судии, смета поранешниот претседател на Уставен суд Трендафил Ивановски.

Доколку пратениците не ги изберат уставните судии, Ивановски смета дека во знак на револт поради нефункционалноста на судот, претседателката Добрила Кацарска треба да си поднесе оставка и судот да се самораспушти.


-Пендаровски, Ковачевски и Џафери да седнат и да најдат решение Уставниот суд да функционира во полн состав. Не може Џафери да се прави дека „не е од тука“ . Не може Уставниот суд да зависи од несвикување на собраниска комисија. Се друго е целосна блокада на Уставниот суд и уставна криза. Не може да велиме дека одиме кон Европа, а не можеме да си ја конституираме конституенцата. Да се размисли и претседателката на Уставен суд да си поднесе оставка. Бидејќи судот нема двотретинско мнозинство не ќе може да се избере нов претседател и со тоа судот ќе се самораспушти. Собранието да не ги гледа работите само политички, туку општествено – вели Ивановски во изјава за „Слободен печат“.

За односот на пратениците кон Уставниот суд, Ивановски смета дека е целосно непостоење на елементарно чувство за водење политика.

-Проблем е отсуството на политичка култура кај пратениците, совест за државата и за владеењето на правото. Собранието целосно е неодговорно. Да се дозволи Уставниот суд толку време да е без четири судии, а можно е и без пет, е целосно непостоење на елементарно чувство за водење политика. Уставниот суд веќе е во уставн криза бидејќи не може да одлучува со двотретинско мнозинство – вели Ивановски и прашува што ќе се  случи ако има потреба да се одлучува за одговорноста на претседателот на државата, а за тоа е потребно двотретинско мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРУКА во Гостивар: Татко и син полицајци…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар…

(Видео) Песков: Нема никакви шанси Путин да…

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков вечерва даде интервју…

Меѓународниот кривичен суд започна истрага за злосторства…

Истражителите од Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска…

Обвинителството ја запре истрагата за девојката од…

Девојката од Велес која на 2 август…

Оштетените штедачи од Еуростандард банка очекуваат неселективен…

Соопштението до медиумите на здружението на оштетени…