Порто обоено во црвено жолто: Фалангата пристигна да ги бодри македонските херои
Репрезентацијата на Македонија гостува во Португалија за историскиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар. „Рисовите“ ја исфрлија Италија, а сега се надеваат на нов подвиг против уште еден фудбалски гигант, пренесува Гол.мк
Откако во Палермо, Милевски и избраниците имаа солидна поддршка од македонската „фаланга“, се очекува така да биде и во Порто. Иако можеби нема да бидат во така голем број, сепак на „Драгао“ ќе има и Македонци.
Дел од нив, поточно група на македонски поддржувачи од Швајцарија кои ги следат настапите на националните тимови низ Европа, порано пристигна во Порто. Тие се сретнаа со репрезентативниот ракометен голман Никола Митревски, како и со херојот од Палермо, Александар Трајковски. Македонските фанови ќе го паметат ова патување по фотографиите со своите херои.
Извор и фото: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…
Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…
„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…
Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…
Министерката за финансии му се закани на…
Како и на генералните седници за пратенички…
Како до сега: Штрајк на контролорите на…
индикатот на контролорите на летање на Македонија…
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…