Поскапувањето нема да биде над 20%, тврди Бислимовски

Цената на електричната енергија ќе се знае во текот на утрешниот ден, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Како што вели тој, сѐ уште се чекаат забелешките од некои незадоволни енергетски компании, но тврди дека драстично поскапување не се очекува.
„Драстично зголемување нема да има, затоа што тоа не е решение на проблемот. Со драстично зголемување на цената нема да се подобри ситуацијата, ќе се влоши, бидејќи ќе се намали процентот на наплата и тоа не ни е целта. Целта е да го одржиме нашиот систем стабилен, колку што се може во вакви услови на енергетска криза во цела Европа“, рече Бислимовски, кој појасни дека според него, сѐ што е над 20% би било драстично зголемување на цената“, рече Бислимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…