Поскапува лебот во повеќе градови: Трошоците се покачени над 10%, секоја пекара сама одлучува за колку ќе поскапи една векна
Поскапува лебот во повеќе градови низ земјава. Во дел од пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб веќе од утре, а некаде веќе имало корекции. Најавите се дека цените на белиот леб од 450 грама, во дел од пекарите ќе одат нагоре од 3 до 5 денари. Информациите стигнале и до Групацијата на мелничко – пекарската индустрија при Стопанската Комора, но од таму велат секоја пекара индивидуално одлучува за цените.
„Имаме информации дека некои поединечни пекари кои не се членки и се членки имаат зголемено цени. Значи нашите информации се такви дека на пример во Битола некоја пекара има зголемено цена и дека штипскиве мали пекари нели сакале да зголемуваат цени, не знам како, било што било. Но таа информација кружи, ние ја добиваме. Така да, да тоа е поединечно значи. Кризава влијае на производствените цени на лебот и пекарските производи и ако продолжи кризава значи неминовно е поради големите трошоци кои што се создаваат. Неизбежно е да пекарите или поединечно секој околу свое видување да си ја зголеми цената или ако мисли да не ја зголеми цената“, изјави Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ.
Со конфликтот на Блискиот исток, според Малишиќ, зголемени се трошоците за набавка на суровини, на производство и дистрибуција.
„Се зависи од резервите што ги имаат на лице место и тоа колку им влијае нели со новите набавки во цените. Така би требало да се покачи за некои десетина посто и нагоре. Нормално тоа секако влијае во тие три домена на производството, значи набавка, печење, дистрибуција. Значи секако би требало од прилика така да се движи цената. Но јас не можам да кажам колку ќе се движи, тоа се зависи од компаниите“, изјави Малишиќ.
Корекциите нагоре на цените на лебот доаѓаат по поскапувањето на маслото и јајцата како и овошјата и зеленчукот. Експертите и бизнисот веќе алармираа дека повисоката цена на горивата ќе ја покренат инфлаторната спирала и ќе има корекции и на другите цени, и бараа Владата итно да донесе мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Од Владата пак засега ставот е дека состојбата будно се следи и ако има потреба ќе има нови мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поскапува лебот во повеќе градови: Трошоците се…
Поскапува лебот во повеќе градови низ земјава.…
УСЈЕ го исфрли алтернативното гориво, деновиве ќе…
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина,…
Пезешкијан: Иран ќе одлучи кога оваа војна…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека…
Доналд Трамп жестоко ја нападна Европа!
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри…
Ако гледаме низ призма на скринингот и…
Ако гледаме низ призма на скрининг и…