Последен поздрав за Панчо: Граѓаните и соработниците му оддаваат почит

t

На гробиштата во Бутел попладнево ќе биде погребан Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, кој почина по седуммесечно лекување од последиците на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Телото на Панчо утрово беше изложено во црквата „Св. Илија“ во скопската населба Аеродром, каде што се одржа литургија, а голем број граѓани и негови колеги се собраа да оддадат последна почит.

Меѓу присутните беа, Тамара Тодевска, Лозано, Роберт Билбилов, Пере Нокаут и останати колеги и соработници.

Опелото започна во 12 часот, по што следи погребот.

Со смртта на Панчо, бројот на жртви од трагедијата во дискотеката „Пулс“ се искачи на 63 лица.

Видеото од пред црквата во скопски Аеродром го сподели Канал5 ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последен поздрав за Панчо: Граѓаните и соработниците…

На гробиштата во Бутел попладнево ќе биде…

Ѕвездено небо во чест на Панчо вечерва…

Штип вечерва ќе го подигне погледот кон…

„Не беше овој свет за тебе, зарем…

„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе,…

Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“:…

Семејствата на жртвите од трагедијата во кочанската…

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК

По долга и тешка битка со повредите,…