Последниот ден од кинеските воените вежби во близина на Тајван
– Кина изутринава ги продолжи контроверзните воени вежби во близина на Тајван, во последниот ден од маневрите што значително ги зголемија тензиите во регионот, јави ДПА.
Војската на Тајван објави дека 20 кинески воени авиони и 14 воени бродови учествувале вчера во вежбите, при што кинеските беспилотни летала повторно биле забележани над островот Кинмен, кој е под управа на Тајван, кој се наоѓа на само 10 километри од пристанишниот град Ксиамен на кинеското копно.
Кинеското раководство во Пекинг ги започна маневрите како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј претходно оваа недела.
Вежбите го претставуваат најголемиот приказ на воена сила на Кина откако ракетните вежби спроведени во средината на 1990-тите ги наведоа САД да испратат два носачи на авиони во Тајванскиот теснец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!
Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…
(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…
Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…
Османи: Извештајот на Вајц бара да се…
За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот…
Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…
Добро е што се усвои извештајот, но…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…