Постигнат договор: Владата и СОНК ги решија разликите – еве од кога почнува наставата

t

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор.

Низ отворен дијалог, на состанокот со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски, и на кој учествуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, со СОНК претставен од претседателот Јаким Неделков, придружуван од членови на синдикатот и од Сузан Флокен, директорка на Европската конфедерација на синдикати за образование, постигната е согласност за покачување на платата во образованието и во детската заштита за 12%, кое ќе биде реализирано со ребалансот на Буџетот и започне да се применува со јулската плата.

Денешниот договор меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор.

Владата и СОНК се договорија како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, кој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…

„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…

Без струја делови на Кисела Вода

Без електрична енергија денеска од 9 до…

(Видео) Руски генерал загина во експлозија на…

Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за…

Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Златото руши рекорди, грам денес се продава…

Крајот на годината носи и рекордни цени…